Европските пристаништа се полни со непродадени возила

Илјадници увезени возила моментално се складирани во неколку европски поморски пристаништа, од кои многу се од Кина…

Неколку производители на автомобили закупија големи површини во пристаништата за да увезуваат возила кои немаат клиенти. Логистичките компании изнајмуваат и дополнителни паркинг места надвор од пристаништaтa.

– Оваа ситуација моментално ги погодува сите европски пристаништа каде што пристигнуваат големи количини возила – изјави Герт Иккс (Gert Ickx), портпарол на белгиските пристаништа Антверпен и Зибриж, за магазинот Automobilwoche.

Како што пренесуваат специјализираните портали, пристанишната управа не соопшти точни бројки, но пристаништето во моментов е окупирано со значително повеќе возила отколку што тоа било случај во 2020 и 2021 година, соопшти порталот.

Проблемот не е само тоа што нема купувачи. Имено, покрај крајните клиенти, недостигаат и камиони за превоз на автомобили, а згора на тоа и има премалку возачи.

Слабата продажба на нови (електрични) автомобили во Европа, пред се поради намалувањето на субвенциите, се уште е најголемиот виновник за складирањето залихи, a ние би додале и поради тоа што продажбата не е следена од зголемување на постојки за полнење на ЕV.

Идејата некои автомобилски компании да продаваат директно на клиентите наместо преку дилерите, односно продажните салони, исто така придонесува за метеж.





НАЈНОВИ