Ford повлекува половина милион возила

Ford најави повлекување на речиси половина милион компактни SUV модели и пикап (pick up) возила поради ризик од губење на енергија поради проблеми со празнењето на батериите…

Американската национална администрација за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA) објави дека повлекувањето влијае на 456.565 возила во Соединетите држави, вклучувајќи ги и примероци на популарниот SUV модел  Bronco Sport произведен помеѓу 2022 и 2024 година и компактниот пик- ап Maverick, произведен помеѓу 2022 и 2023 година.

Неправилно наполнетата батерија може да предизвика проблеми со некои електрични додатоци, како што се алармните светла, и да предизвика возилото да престане да работи.

Со цел да се реши овој проблем, овластените продавачи на Ford бесплатно ќе ги рекалибрираат контролните модули на каросеријата и погонската единица





НАЈНОВИ