Fiat 500e Inspired By Los Angeles

Fiat го претставува електричниот 500e Inspired By Los Angeles во Северна Америка…

Оваа нова верзија на 500e црпи влијание од култната американска метропола на Западниот брег, Градот на ангелите.

„Специјалната комбинација на стилот на живеење на плажата La Dolce Vita во Лос Анџелес, автомобилската култура и широкото прифаќање на електричните возила со батерии ја прави идеална инспирација за ова издание 500e“, рече Амир Ахмед (Amir Ahmed), шеф на Fiat Северна Америка (FIAT North America).

„Новиот Fiat 500e Inspired By Los Angeles го рефлектира и неговото италијанско наследство, со својата класична дизајнерска тема и потекло, и културата на Лос Анџелес, рефлектирана во неговата боја на Marine Layer Mist и урбаната мисија“.

Карактеристиките на надворешниот дизајн вклучуваат мат-сиви капачиња на ретровизорите и 17-инчни алуминиумски тркала, додека во внатрешноста стилот ја исполнува удобноста со беж седишта од еко-кожа, волан со мек допир и инструмент табла во боја на каросеријата. Исклучителен аудио систем JBL со седум звучници и саб -вуфер е стандарден.

500e испорачува моќност од 117 коњски сили и 220 Nm максимален вртежен момент, при што овозможува и проценет опсег од 240 km, кога е напојуван од батерија со капацитет од 42 kWh.

Fiat 500e Inspired By Los Angeles ќе пристигне во салоните на Fiat во Северна Америка од третиот квартал на оваа 2024 година





НАЈНОВИ