Нов BAW 212

BAW (Beijing Auto Works) беше дел од BAIC, но стана независен бренд во 2020 година. ..

Го градеше оригиналниот BJ212 од 1960-тите и сега конечно го лансираше моделот од следната генерација.

Судејќи според сликите, новиот 212 изгледа како мешавина од Jeep Wrangler, Ford Bronco и Land Rover Defender и ќе биде лансиран на кинескиот пазар во втората половина на оваа 2024 година.

За новиот 212, BAW предвидуваше тркалезни LED фарови и едноставна маска со три големи хоризонтални летви.

Што се однесува до димензиите, новиот BAW 212 е долг 4705 mm, широк 1895 mm и висок 1936 mm.

Со маса од 2150 kg новата генерација на BAW 212 е придвижувана турбо бензински мотор, со четири цилиндри, со работен волумен од 2.0 литари надграден со турбо полнач, моќ од со 248 КС.

Оваа погонска единица  доаѓа во комбинација со осум (8)-брзински менувач и погон на сите четири тркала.Во внатрешноста веднаш е воочлив голем информативно забавен дисплеј и дигитална инструмент табла се дел од опремата. Цената се уште не е објавена.

 





НАЈНОВИ