Volkswagen: Иднината е електрична

Но, исто така, инвестираме и во мотори со внатрешно согорување…

Како би можеле да го протолкуваме насловот во согласност со поднасловот на текстот?

Знаеме дека во одреден момент на пазарот ќе доминираат електричните автомобили, но не сакаме да ја пропуштиме можноста да заработиме пари на бензински и дизел автомобили сега.

Преминот кон електрични возила не оди како што предвидуваа некои производители на автомобили, односно транзицијата не носи профит – токму сега.

Минатата година Volkswagen процени дека електричните возила ќе учествуваат со дури 80 отсто од годишната продажба во Европа до крајот на деценијата. Сега германскиот гигант веројатно не би бил толку оптимист во своите прогнози, пренесуваат познатите специјализирани портали.

Од 180 милијарди евра издвоени во 2023 година, пред се за следната генерација електрични возила, германската марка ќе искористи една третина за да продолжи со развојот на моторите со внатрешно согорување. Соопштението доаѓа од устата на Арн Антлиц (Arnо Antlitz), главен финансиски директор и главен оперативен директор на групацијата Volkswagen, пренесува Automotive News Europe.

Говорејќи на настанот што го одржа Reuters во Минхен, тој додаде дека иднината е електрична, но минатото не е завршено.

Тоа е нагло отстапување од претходниот план на VW објавен кон крајот на 2022 година да произведува и продава само електрични автомобили во Европа од 2033 година.





НАЈНОВИ