Вкупно 3.500 работници ќе останат без работа во Германија…
Многумина ќе речат дека Германија не е она што беше. Како само еден од бројните производители, Ford ќе го укине популарниот модел Focus следната година и ќе отпушти 3.500 работници во фабриката во Сарлуис, која беше отворена далечната 1970 година.
Прво слушнавме дека Ford ќе го прекине популарниот компактен Focus во 2025 година во средината на 2022 година.
Исто така, тогаш беше кажано дека новата генерација на електрични модели на американската марка ќе се составува во фабриката во Сарлуис, Германија, каде што се произведува овој модел.
Но, во меѓувреме плановите на Ford се сменија, па идните електрични автомобили ќе се произведуваат во шпанската фабрика во Валенсија, пренесуваат специјализираните портрали.
Како резултат на тоа, фабриката во Сарлуис е практично без производство на автомобили. Последователно како последица на тоа 3.500 работници ќе бидат отпуштени во оваа фабрика, а Ford наводно постигнал договор со синдикатот IG Metall во овој поглед.
Претставниците на синдикатот рекоа дека по 2025 година во фабриката во Сарлуис ќе останат околу 1.000 работници, на кои ќе им биде понудена преквалификација, а нема да има принудни отпуштања до 2032 година.
Покрај тоа, вработените ќе можат да заминат порано и да имаат корист од пакетот за компензација.
Сепак, иднината на фабриката останува неизвесна.
Имаше разговори со кинеските брендови BYD и Chery за преземање на фабриката, а се дознава дека Ford преговарал и со германски производител на соларни панели.
Но, очигледно, американскиот производител не постигна договор со овие компании.