Кинеската влада поттикнува уште поагресивен извоз на автомобили

Неопходно е отворање центри за истражување и развој во странство...

Кина сака да ја поддржи својата индустрија за електрични автомобили за да ја стабилизира надворешната трговија на Народната Република и да го олесни извозот на возила во странство. Здравиот трговски раст и соработката за развој на plug-in хибриди и електрични автомобили, исто така, ќе помогнат во модернизацијата на автомобилската индустрија, се вели во соопштението на Министерството за трговија.

Вкупно девет агенции, меѓу кои и Министерството за финансии и Министерството за надворешни работи, исто така препорачуваат формирање на центри за истражување и развој во странство и соработка со компании надвор од Кина, пренесуваат специјализираните портали.

Препораките на министерствата доаѓаат во време кога во Европската унија се уште трае истрагата против кинеските производители на електрични автомобили, односно се обидува да утврди дали тие добиле субвенции од државата што ги ставила во поволна ценовна позиција, а САД ефективно го спречуваат пристапот до пазарот на производителите од Далечниот Исток со високи тарифи.

Кинеското Министерство за трговија повика на активна помош за компаниите како одговор на рестриктивните мерки за надворешна трговија. Понатаму, треба да се изгради позитивна слика за кинеските брендови.

Дополнително, надлежните побараа да се оптимизира процедурата за извоз на акумулатори за електрични автомобили. Кинеската автомобилска индустрија со ентузијазам одговори на препораките за акција. Ова ќе му помогне на секторот подобро да се интегрира на глобално ниво, според Здружението на кинеските производители на автомобили.





НАЈНОВИ