Hennessey H850 Mustang Dark Horse

Американскиот Hennessey Performance подготви надградба на перформансите за целосно новата генерација на Ford Mustang Dark Horse…

Сеопфатниот пакет  наречен „клуч на рака“ драматично ја зголемува моќноста на моторот и го подобрува изгледот на најновата верзија на американскиот иконски „пони “ автомобил.

Ford’s ‘S650’ Mustang Dark Horse е опремен со 5.0 литарски V8 и може да се нарача со шест ( 6) -брзински мануелен менувач Tremec или 10-брзински автоматски менувач.

Техничарите од Hennessey го опремиле автомобилот со компресор со високи перформанси, нова пумпа за гориво и софтвер за управување со моторот HPE, па овој Mustang сега има 850 коњски сили и 880 Nm максимален вртежен момент.

Од фабриката, Ford’s Dark Horse има 500 КС и може да достигне 60 mph (96 km/h) за 3,7 секунди, кога е опремен со 10-брзински автоматик. Hennessey H850 Mustang истата брзина ја постигнува за само 3,2 секунди.

Надополнувајќи го својот моќен погон, Hennessey H850 Ford Mustang Dark Horse, исто така, е визуелно подобрен со преден сплитер од јаглеродни влакна, странични прегради и заден спојлер од карбонски влакна.

Комплетирање на надворешните козметички подобрувања се алуминиумските тркала.

На потпирачите за глава има и логото на Hennessey, значките и буквите на Hennessey.

Џон Хенеси (John Hennessey), основач и извршен директор на компанијата: „Нашите модели на Mustang со суперполначи беа омилени на клиентите низ годините, а подобрената платформа S650 на Ford ќе се покаже како најспособна. Без сомнение, нашиот модел Dark Horse со суперполнач со 850 коњски сили ќе биде еден од највозбудливите и најмоќните автомобили на патиштата – сигурно ќе ги сврти главите со својот препознатлив лелекаат на компресорот и нотата на издувните гасови“.





НАЈНОВИ