Volkswagen го одложи лансирањето на електричниот седан ID.7 во САД и Канада

Откако дебитираше во Њујорк пред само една година, Volkswagen се откажува од плановите да го донесе својот седан ID.7 EV на пазарите од другата страна на „Големата бара“, во САД и Канада…

Германскиот производител на автомобили вели дека ID.7 – кој ќе се продава во Европа и Кина од крајот на 2023 година – сега е одложен во САД и Канада, наведувајќи ја промената во „динамиката на пазарот“. Поточно: намалената побарувачка за електрични возила и падот на побарувачката на седаните во Америка.

Минатиот месец, KBB објави дека продажбата на електрични возила пораснала за само 2,6% на годишно ниво во првиот квартал од 2024 година, во споредба со 15,2% во четвртиот квартал од 2023 година и зголемување од 46,4% во првиот квартал од минатата година.

Покрај забавувањето на побарувачката за електрични возила, седанот веќе некое време ја губи популарноста во САД. На почетокот на овој месец, Chevrolet  одлучи да го прекине својот седан Malibu по 50 години и продадени 10 милиони автомобили за да се фокусира на SUV, crossover и електрични возила.

Пред една година, претседателот и извршен директор на Volkswagen Group of America, Пабло Ди Си (Pablo Di Si), беше оптимист за шансите на ID.7 на пазарите во САД.

„Нашиот фокус сè уште се теренците, но очигледно пазарот на седани претставува 16% од вкупниот пазар во САД… и со донесувањето на ID.7 со својот целосно нов кожен премиум ентериер, 300 [милји] плус опсег во 2024 година, тоа е вистинскиот пристап за VW“, рече тој на дебито на ID.7 во април минатата 2023 година.

Сепак, фокусот на филијалата на Volkswagen од Америка на електрината лимузина ID.7 опаѓа бидејќи неговата матична компанија исто така ги релаксира плановите за лансирање на 75 електрични возила во следната деценија, вклучувајќи 25 во Северна Америка.

Портпаролот на Volkswagen изјави за Yahoo Finance дека носењето 25 EV модели во Северна Америка до 2030 година е „сè уште план“.

Но, претходно овој месец, извршниот директор на Volkswagen Passenger Cars, Томас Шефер (Thomas Schäfer), истакна дека е потребна промена во портфолиото на производи.

Купувачите „сега сакаат plug-in хибриди, вклучително и во Кина и САД“, рекол  Шефер во интервју на конференција одржана во Лондон, а пренесено од Bloomberg.





НАЈНОВИ