Hondа користи F1 технологија за идните електрични автомобили

Идните електрични возила од јапонската марка би можеле да бидат полесни за 100 килограми..

Електричната авантура на Honda немаше нај мазен (без потешкотии ) почеток. Сепак, во тек се планови ова да се коригира во иднина. Јапонскиот производител ја истакна својата стратегија за ЕV за време на неодамнешната конференција, ветувајќи дека ќе лансира седум модели на глобално ниво до крајот на деценијата. Развиени како нови „од глава до пети“, овие возила се дел од серијата „0“ и ќе бидат достапни во различни големини, од градски, урбани автомобили, до груби и големи.

Иако најавите од автомобилските компании во врска со идните електрични возила се случуваат неделно, има нешто интересно во целата приказна што ни го привлече вниманието. Имено, Honda ќе профитира од својата F1 експертиза, бидејќи ќе ги олесни идните електрични автомобили.

Целта е да се „сечат“ околу 100 килограми вишок маса во однос на почетните електрични модели на Honda. Можеби не е доволно да се компензира големата маса на гломазни батерии, но секако е значително подобрување.

Оваа „диета“ се состои од полесни рамки на каросеријата и ново развиените, потенки електрични мотори кои ја прифаќаат технологијата од Формула 1. Инженерите ќе ги постават соодветните мотори и батерии ниско во центарот на возилото, со што ќе го спуштат центарот на гравитација и ќе ги подигнат карактеристиките на возење на повисоко ниво. Honda, исто така, вети дека ќе ги испорача „најдобрите перформанси за електрична ефикасност во светот“ по спроведувањето на „диетата“. Сите модели од серијата 0 ќе имаат автономија од над 480 километри (според повеќе строгиот циклус EPA).

Honda тврди дека нејзините нови електрични автомобили ќе испорачаат „спортско возење што носи радост“. Ако ги оставиме настрана маркетиншките изложби, ќе ве потсетиме дека неодамна добивме ветување од јапонскиот бренд во врска со лансирањето на спортски електричен автомобил. Претходно оваа година, шефот на Honda, Тошихиро Мибе, рече дека забавен електричен автомобил е во развој и дека ќе „има сосема поинаков вкус“ во споредба со спортските модели на јапонската марка од минатото.

За жал, 2017 Sports EV Concept (на приложените фотографии) никогаш не стигна до производните линии. Реално, поголема е веројатноста да видиме нешто како целосно електричниот NSX од третата генерација, но убаво е да се надеваме дека во играта ќе се најде и подостапен модел. Меѓутоа, ако ги погледнеме производствените планови на Honda, ќе видиме дека тие првично ќе се фокусираат на crossover и SUV модели.

Првите автомобили од серијата 0 треба да пристигнат во втората половина на деценијата, прво на „северноамериканскиот брег“ во 2026 година, а потоа да се прошират на глобалниот пазар. Седанот, на кој му претходи концептот на седанот од серијата 0, теренец со средна големина и теренец од почетно ниво, ќе биде лансиран во 2026 година, со поголем SUV со три реда достапен во 2027 година. помал SUV во 2029 година и компактен седан од 2030 година

Од друга страна, Honda ќе продолжи да работи на хибриди и ќе лансира нови модели со погон на сите тркала.

Не е јасно дали „воскреснатиот“ Prelude ќе биде еден од нив, но потврдено е дека шестата генерација на популарното купе ќе пристигне во хибридна верзија. Исто како електричните автомобили, овие делумно електрифицирани автомобили исто така ќе бидат полесни и поефикасни.

Да потсетиме, Prelude ќе биде достапен на пазарот во 2025 или 2026 година, со четири седишта и конфигурации со воланот на левата и десната страна. Главниот инженер на Honda, Томојуки Јамагами, рече дека тоа нема да биде екстремен спортски автомобил: „Ова нема да биде најбрзиот спортски автомобил што ќе го уфрлиме во најбрзиот циркус на сетот – формула 1 шампионатот“, коментирал, помеѓу другото, тој.

 





НАЈНОВИ