Истражувањата покажуваат дека електричните возила ја губат вредноста побрзо од возилата со внатрешно согорување

И покрај напорите да се зголеми продажбата на електрични автомобили во Европа, растот сè уште не е очигледен. ..

Многу возачи се уште се двоумат дали да се префрлат на електрична мобилност, а причините за тоа се слични на оние кои влијаат на вредноста на користените возила.

Европската унија постави строги ограничувања за намалување на загадувањето од сообраќајот, објавувајќи ја 2035 година како пресвртница. Сепак, дотогаш има уште многу работа.

Иако се повеќе возачи покажуваат интерес за електричните автомобили, моментално само мал процент од пазарот ги напушта конвенционалните горива. Причините за оваа претпазливост се многу, вклучувајќи недоволна инфраструктура за полнење и брзо менување на технологии. Една неодамнешна студија исто така го нагласува прашањето за амортизација, пренесуваат информативните агенции..

Кога купуваат ново возило, возачите треба да земат предвид и многу фактори покрај естетиката и цената. Квалитетот, брендот, трошоците за одржување и вредноста по неколку години се клучните елементи на оваа равенка.

Истражувањето на GANVAM покажува дека електричните возила губат вредност побрзо од возилата со внатрешно согорување. Три години по регистрацијата губат дури 47,1 отсто од почетната вредност, што придонесе за нестабилност на пазарот.

Високата почетна цена и брзата еволуција на технологијата дополнително ја намалуваат вредноста на електричните возила. Традиционалните возила со бензински или дизел мотори покажуваат процент на амортизација од околу 33 проценти и 29 проценти.

Сепак, важно е да се напомене дека овие мотори се веќе воспоставени и трпат минимални промени со текот на времето, за разлика од електричните возила кои постојано ја подобруваат технологијата.

Иако на пазарот се веќе неколку години, електричните возила се уште наидуваат на скептицизам кај возачите.

Во изминатите години, технологијата за електрична мобилност претрпе значителни промени, вклучувајќи подолг век на траење на батеријата и оптимизирани процеси на полнење. Меѓутоа, овој брз напредок значи и дека денешните модели брзо застаруваат.

Нема индикации дека овој тренд на технолошка нестабилност ќе престане наскоро. Производителите работат на нови технологии кои ќе донесат понапредни автомобили со поголема автономија и помали трошоци.

Кога се анализира амортизацијата на електричните автомобили, негативно се одразува високата почетна цена, што значи дека електричните автомобили се уште се скапи и брзо амортизираат. Многумина чекаат да се изедначат цените, иако некои модели веќе го достигнаа тоа ниво, сè уште сме далеку од целосното мејнстрим прифаќање на електричните возила.





НАЈНОВИ