Kолку чини замената на сопирачките за Мercedes SLR МcLaren

Секој што купува суперавтомобил знае што го чека или треба да знае…

Дури и најбогатите сопственици дознаваат тој ден кога нивните миленици треба да бидат подложени на одржување и проверка во овластените сервисни центри.

Ексклузивниот Mercedes SLR McLaren, кој минатото лето наполни две децении од почетокот на производството, е совршен пример за тоа што значи да се покажеш пред соседите и познаниците.

Двоседот, кој Мercedes го разви со МcLaren, од кој се произведени само 2.157 примероци и кој потоа чинеше вртоглави 300.000 евра, е вистински проблем дури и за најплавливите сопственици. Имено, сервисот на сопирачките може да достигне речиси половина од вредноста на овој скап модел колку што чинел помеѓу 2003 и 2009 година.

Понудата за замена на дисковите и влошките на сопирачките за SLR од 2005 година, испратена до клиент од американски дилер, бара нешто повеќе од 120.000 американски долари за таква услуга.

Дисковите чинат како суво злато, секако со дополнителните трошоци за испорака од Германија, бидејќи американскиот сервисер ги нема на залиха на резервни делови. Треба да се земе предвид дека автомобилот не се произведува петнаесет години и воопшто не е вообичаен, па разбирливо е што ги немаат овие делови на залиха.

Иако Mercedes SLR McLaren важи за вистински скапоцен камен, чија вредност постојано се зголемува, тој може да биде и лоша инвестиција за некои кои не се свесни за трошоците за сопственост, бидејќи неговото одржување излегува од опсегот на разбирливото. Менувањето на компонентите на сопирачките, чии дискови, инаку, се карбон-керамички, е повеќе од доволна причина таквите сопственици што поскоро да се откажат од сопственоста.

Цените на овие модели се навистина огромни и достигнуваат милиони. Еден продавач за неговата копија бара дури 2,4 милиони евра.

Иако неговиот миленик има дури 17 години, во спецификацијата стои дека поминал само нешто помалку од 16.000 километри, значи помалку од 1.000 километри годишно.





НАЈНОВИ