Не е „Made in Italy“ – на Xiaomi му е забрането да го нарекува својот автомобил Modena

По случајот „Alfa Romeo Milano“, кога компанијата мораше да го смени името на новиот автомобил на компанијата бидејќи не се произведува во Италија, министерот за „произведено во Италија“, Адолфо Урсо (Adolfo Urso), и забрани на кинеската автомобилска компанија Xiaomi да го направи првиот модел на автомобил кој беше претставен во Пекинг пред неколку месеци, ќе го носи името на италијанскиот град Мodena….

Министерот за Made in Italy, Адолфо Урсо изјави дека првиот автомобил SU 7 од кинеската компанија „Xiaomi“ нема да се вика „Моdena“ и дека компанијата се согласила да ги почитува италијанските норми според кои нешто поврзано со Италија не може да биде се користи за производи кои се направени во други земји.

Според информативните агенции, овој автомобил е целосно произведен во Кина, а користењето на името на градот во регионот Емилија-Ромања во Италија не би било во согласност со регулативата за географски ознаки.

Нема да бидат дозволени маркетинг кампањи кои можат да ги збунат клиентите. Затоа Мимит (Ministry of Made in Italy) им објасни на претставниците на кинеската компанија дека според сегашната законска регулатива, италијанските имиња не можат да се користат за производи кои се произведуваат во странство. Целта е да се заштитат националните производи како и клиентите.

 

Италијанскиот министер му се јавил на градоначалникот на Модена за да му објасни за што се работи, и зошто владата е заинтересирана за целиот случај.

„Телефонски разговарав со градоначалникот на Модена, Џанкарло Музарели, кому му гарантирав целосна заштита на деноминацијата, т.е. за употребата на името Моdena (во овој случај се користи за автомобил целосно произведен во Кина) врз основа на сегашното законодавство за борба против лажните индикации кои би можеле да го збунат купувачот кој би можел да помисли дека се работи за производ произведен во Италија. Нормата постои за да се заштити од употребата на италијански симболи и имиња во производи произведени во други земји“, објаснува во објавите на социјалните мрежи министерот Урсо, кој припаѓа на политичката партија „Италијански браќа“.





НАЈНОВИ