Компанијата Lanzante најави дека на фестивалот на брзина во Гудвуд ќе претстави надградена верзија на своето Porsche 911 со мотор од Формула 1, наречена Tag Championship….
Врз основа на 930-генерацијата 911 Turbo, автомобилот го добива моторот што ги придвижуваше Ф1 болидите на McLaren до три последователни титули во шампионатот за возачи помеѓу 1984 и 1986 година.
Cosworth го надгради 1,5-литарскиот twin – turbo V6 мотор за употреба на патиштата, со подобрено ладење и полесни титаниумски турбополначи.
Промените значат дека моторот сега испорачува 625 КС, во однос на 503 КС на оригиналната изведба, и е поврзан со преработената верзија на шест (6) степен менувач од 993-та генерација на Porsche 911.
Во кратката вест се споменува и максимална брзина од 200 милји на час (322 km/h).
Tag Championship 911 доби и бројни каросериски панели направени од јаглеродни влакна.
Внатрешноста е лишена од речиси сите додатоци, вклучително и електричното прилагодување на ретровизорите и прозорците, а поставен е и безбедносен кафез.
Има и Recaro седишта и персонален волан, сличен на оној што се користи во MP4/2 F1 на McLaren.
Резултатот од овие промени е намалување на тежината за околу 400 kg, така што автомобилот тежи само 920 kg (без течности).
Автомобилот се наоѓа на 18-инчни алуминиумски тркала Dymag, за кои се вели дека го имитираат дизајнот на оние што се вградени во MP4/2, а гумите се Michelin Pilot Sport 4 (235 mm напред и 275 mm назад).
Ќе бидат изградени само три примероци од овој Tag Championship 911, во чест на трите титули на возачот F1 MP4/2.
Првиот ќе има графика по моделот на дизајнот на кацигата на прославениот, повеќекратен Ф1 шампион Французинот – Ален Прост (Alain Prost) од 1985 година.