Larte Design BMW X5

Неодамна го видовме Larte Design пакетот модификации за BMW X6, а очекувано, овој тјунер сега претставува сличен пакет за BMW X5…

И овде акцентот е првенствено на надворешниот дизајн, со карбонски влакна и сет поголеми тркала.





Пакетот, меѓу другото, вклучува хауба со отвори за воздух, преден „сплитер“ (разделник), маска од јаглеродни влакна, капаци на страничните ретровизори, странични прагови, заден спојлер на покривот, модифициран заден браник со дифузер, како и комплет тркала од 21 до 23 инчи.

Цената на комплетот од карбонски влакна е 32.000 евра, додека елементите може да се купат поединечно.





НАЈНОВИ