MG тврди дека нивниот популарен EV  има неуништливи батерии

Тие не го губат опсегот и по неколку илјади полнења…

Електричните возила од брендот MG содржат батерии со 0% деградација, според најновите тестови спроведени од компанијата, кои ги мереле нивоата на издржливост и безбедност, се објаснува во соопштението.

Имено, во последниот тест во Шпанија, направена е строга SOH (Здравствена состојба) анализа на ZS EV по првите 35.000 километри интензивно користење, а откако батеријата била подложена на сите видови на полнење: ултра брзо, брзо и бавно.

Резултатот, посочуваат од компанијата, е исклучителен, бидејќи батеријата не претрпела ни најмала деградација: задржува 100% од номиналниот капацитет и сите нејзини компоненти се во совршена состојба откако ќе бидат подложени на исцрпна анализа. Батериите што ги користи MG се дизајнирани да понудат до 5.000 циклуси на полнење, што значи удобно надминување на милион километри користење на автомобилот, според пишувањата на специјализираните портали.

Марката, исто така, тврди дека има една од најдобрите технологии за батерии на пазарот поради две причини. Од една страна, има корист од експертизата на нејзината матична компанија SAIC Motor, која произведува и развива електрични возила повеќе од една деценија.

Од друга страна, тесно соработува со компанијата CATL, која е број еден во светот во автомобилски батерии и развој на батерии. Од МG објаснуваат дека SAIC Motor и CATL во 2017 година основале заедничка фабрика за производство на батерии со највисок квалитет, со производствен капацитет од 36 GWh. Овој капацитет ги покрива сите процеси на производство на батерии: ќелии, модули, систем за контрола и управување, интегрирани системи и рециклирање.

Конечно, MG истакнува дека неговиот ZS EV е ажуриран со нови батерии со два капацитети: едната со 50,3 kWh (бруто) што му овозможува на овој модел опсег од 320 километри (WLTP) и другата долготрајна, со 69,9 kWh (бруто) што овозможува електричен опсег на ZS EV до 440 km (WLTP).

Новите батерии, направени со големи пакувања со модули (со 120 ќелии за 50,3 KWh и 96 ќелии за 69,9 KWh), ја подобруваат густината на енергијата за 34%.

Нивната тежина е 412 килограми со капацитет од 50,3 kWh и 396,9 килограми со капацитет од 69,9 kWh, а тоа се должи на различната хемија на ќелиите во секоја од нив.





НАЈНОВИ