MG Cyberster Red Top Edition

MG го откри новото специјално издание на електричен roadster модел Cyberster, најавувајќи дека ќе бидат понудени само 100 единици…

Со новото Cyberster Red Top Edition, компанијата им оддава носталгично почит на своите корени додека ја прославува својата 100-годишнина.

Ова специјално издание ја зема својата инспирација од класичните модели MGA од 1956 година и MGB од 1967 година, па се нуди во бисерно бело и со црвен мек покрив.

Како што споменавме, планирано е ограничено производство од само 100 единици, со достапни три нивоа на опременост, со цена помеѓу 319.900 јуани и 359.800 јуани (од 41.550 до 46.735 евра).

Испораките на Cyberster Red Top Edition треба да започнат во март.

Овој електричен roadster модел вообичаено е долг 4535 mm, широк 1913 mm, висок 1329 mm и растојание помеѓу оските од 2690 mm.

Основниот Cyberster има електричен мотор со моќ од 314 КС и погон на задните тркала, додека врвната верзија добива два електромотори (со вкупно 544 КС) и погон на сите четири тркала.

Се нудат батерии со капацитет од 64 kWh и од 77 kWh, со опсег од 501 до 580 km.





НАЈНОВИ