Надграден Volkswagen Crafter

Клиентите кои ќе го нарачаат VW Crafter од април 2024 година ќе добијат бројни дигитални надградби…

Кокпитот е целосно редизајниран. Сега го има најновиот мултимедијален систем. Редизајнираните карактеристики вклучуваат дигитални инструменти, нов мултифункционален волан, електронска рачна сопирачка и разни системи за помош.

 

Суштинска опција е дигитален гласовен асистент со интеграција ChatGPT. Но, ајде да погледнеме подетално…

Новиот Crafter на тој начин ќе биде достапен со дигитални инструменти како стандард. Има и нов информативно забавен екран со дијагонала од 10,3 инчи. Опционално е достапен 12,9-инчен екран на допир, кој слободно се поставува на централната конзола како кај најновите автомобили од оваа марка. Покрај тоа, VW Transporter ја добива гореспоменатата онлајн гласовна контрола за бројни функции на возилото.

Рачната сопирачка, прекинувачот за автоматскиот менувач, како и контролите за функциите на осветлувањето, копчињата во областа на централната конзола и сите отвори за воздух се структурно редизајнирани.

Во иднина, следните системи ќе бидат дел од стандардната опрема на сите нови Crafter проиизводи: „Front Assist“ (помош при сопирање во итни ситуации вклучително и откривање на велосипедисти и пешаци), „Lane Assist“ (помошник за одржување лента), препознавање на сообраќајни знаци, ограничувач на брзината и акустична помош при паркирање за задниот дел. „Помош за патување“ (Travel Assist) за прв пат ќе биде достапна како опција за Crafter. Во комбинација со ова, „Emergency Assist“ за прв пат се наоѓа и во Crafter.

Инаку, се уште не е познато колку VW Nutzfahrzeuge ќе наплаќа за новата сеопфатна промена во однос на актуелниот модел.

Сепак, умереното зголемување на основната цена е повеќе од реално.





НАЈНОВИ