Најава – Land Rover Defender OCTA

Defender, оригиналниот британски авантуристички бренд, ќе претстави нов херој на сите терени со високи перформанси во 2024 година….

Новиот предводник на гамата на Defender ќе биде најсилниот, најспособниот и најлуксузниот модел во низата, освојувајќи нови нивоа на овој бренд.

Марк Камерон (Mark Cameron), извршен директор, Defender, рече: „Defender е синоним за способност за сите терени со наследство кое се протега до Серија 1 од 1948 година. Новиот Defender OCTA го носи на следното ниво со својот впечатлив изглед, иновативна технологија и неспоредливо внимание на деталите. Со неверојатни перформанси и смел нов пристап, ќе им овозможи на нашите клиенти да искусат легендарни авантури во зголемен луксуз“.

Defender OCTA ќе има благ (mild) хибриден V8 Twin Turbo бензински мотор и водечка во класата воздушна суспензија 6D Dynamics што овозможува екстремни перформанси на сите терени.

Достапен за прв пат во Defender, системот 6D Dynamics ќе му даде на Defender OCTA неспоредливо ниво на способност, удобност и сталоженост, без разлика дали е на пат или надвор од него.

Хидраулично поврзаната технологија 6D Dynamics се карактеризира со иновативен систем за контрола на надолжната и попречната ротација што ќе му овозможи на моделот Defender OCTA да одржува речиси рамна положба при забрзување, сопирање и свиоци на патот, со најголемо можно независно движење на тркалата и дистрибуција на вртежен момент на суспензија на најсложените терени надвор од патот.

Како одраз на луксузните карактеристики на возилото, октаедралната форма на дијамантот послужи како инспирација за новото име OCTA, бидејќи е познато дека дијамантот е најтешката природна супстанција на Земјата, но во исто време и ретка појава.

Новата заоблена дијамантска графика е симбол на водечкиот модел Defender. Тој е прикажан на бројни внатрешни и надворешни компоненти, вклучително и сјаен црн дијамант во обработен и пескарен титаниумски диск на секој панел со графика со потпис. Титаниумот е избран поради неговата робусност и отпорност на надворешни влијанија во неговата природна состојба.

Марк Камерон додаде: „Името Defender OCTA и препознатливата графика ја претставуваат силата, еластичноста и посакуваноста на ова возило, инспирирани од луксузните карактеристики на возилото, издржливи како дијамант. Новата препознатлива графика е од особена важност бидејќи за првпат ќе се видат на моделот Defender, а сите водечки модели на Defender ќе бидат препознатливи по тоа во иднина“.

Defender OCTA поминува низ најисцрпниот развојен процес во историјата на Defender, од снегот и мразот на Шведска до пустината на Дубаи, асфалтот на Нирбургринг и карпите на Моаб.

Пред неговото целосно лансирање оваа година, потенцијалните клиенти ќе бидат поканети да се приклучат на ексклузивни презентации како дел од новата глобална серија настани Defender Elements. Клиентите кои се заинтересирани да се регистрираат за првото издание Defender OCTA се поканети да го контактираат својот овластен продавач на Defender сега.

ПР соопштение

 





НАЈНОВИ