Со кратко соопштение за медиумите и неколку слики, Chevrolet ја најави претстојната премиера на новиот пикап S10 за пазарите во Јужна Америка…
Во веста се вели дека официјалната премиера ќе се одржи на 5 април, кога трговците ќе почнат да примаат нарачки.
Покрај изменетиот надворешен изглед, S10 во оваа прилика доби и помодерен ентериер, бидејќи доаѓа опремен со нов волан, различна предна плоча со голем екран кој комбинира виртуелна табла со инструменти и екран на допир.
Според прелиминарните податоци, дијагоналата на првиот екран е 8 инчи, а вториот е 11 инчи.
Од компанијата истакнуваат дека „едно од големите изненадувања ќе биде новата генерација на турбодизел мотори“.
Се очекува моделот да биде опремен со 2,8-литарски дизел, поврзан со осумстепен автоматски менувач, кој ќе го заземе местото на стариот 6-брзински автоматик.