Новото Renault Clio добива и електрична верзија

Renault моментално работи забрзано на развојот на новата генерација на својот градски автомобил Clio, која, според британскиот Autocar, треба да пристигне во 2026 година…

Сигурно е дека автомобилот нема да ги загуби моторите со внатрешно согорување, а веројатно е дека ќе добие и електрична верзија за да ја комплетира понудата на мали електрични модели од Renault. Електричната верзија ќе биде возможна поради флексибилноста на архитектурата на Renault, пишуваат информативните агенции.

Новото Clio во електричната верзија ќе користи варијација на новата AmpR Small платформа, која е основа на новиот Renault 5 и идните Twingo и Renault 4, додека верзијата со класични мотори ќе продолжи да ја користи архитектурата CMF-B , што е основа на сегашниот модел.

AmpR Small ќе се произведува во три големини, средна верзија за моделите 4 и 5, помала верзија за новата генерација на Twingo и поголема верзија за Clio.

Иако платформите за електричниот и бензинскиот Clio се различни, тие се тесно поврзани и споделуваат приближно 60 проценти од компонентите.

Ова значи дека тие можат да ја сместат истата каросерија и затоа бензинските и електричните модели Clio можат да бидат во основа идентични, без оглед на различните платформи.

Според првите гласини, новиот Clio ќе изгледа значително различен од сегашниот модел.

Се очекува дизајнот да биде усогласен со оној на новите Megane и Scenic, а Clio нема да има премногу дизајнерски врски со ретро моделите 4, 5 и Twingo.

Clio треба да биде барем подолг и попростран од моделот 5.

Иако овие модели ќе бидат многу слични по димензии, Renault сака да им понуди поголем избор на клиентите на електрични возила, а електричниот „Five“ нема да биде замена за Clio.

Со оглед на тоа дека електричниот Clio ќе ја дели технологијата со моделот 5, тој не би требало да биде значително поскап, а неговата цена би можела да биде нешто повисока од 25.000 евра.





НАЈНОВИ