Првите електрични автомобили произведени во Крагуевац, на тестирање

Фабриката Fiat Chrysler Cars во Крагуевац ги произведе примероци на првиот електричен автомобил во Србија…

Тие се наменети за таканаречени „краш“ тестови и други тестови. Наскоро на улиците во Крагуевац ќе се тестираат првите модели, неофицијално пренесува националниот информативен сервис на соседна Србија- РТС.

Како што неофицијално, за РТС, рекол претседателот на Самостојниот синдикат на FCA Србија Саша Ѓорѓевиќ, во тек е тестирање на првиот електричен автомобил произведен во таа земја.

Првите тестови биле извршени во Крагуевац, бидејќи фабриката има писта (патека) за тестирање на нови автомобили, но главните безбедносни тестови – таканаречените „краш тестови“ (chrash test),се вршат во странство.

Ѓорѓевиќ рекол дека кога моделот Fiat 500L бил тестиран пред почетокот на сериското производство, биле направени околу 200 примероци само за тестирање.

„Секој од тие модели мора да се подложи на опсежни тестирања – безбедносни тестови, странични удари… Секој од нив треба да добие одреден број ѕвезди на тие тестови за да биде целосно безбеден“, рекол Ѓорѓевиќ.

Наскоро новиот модел ќе се најде на улиците на Крагуевац

Може да се очекува дека новиот електричен автомобил ќе се тестира на улиците на Крагуевац, барем ако ја следи досегашната практика на моделите на „Fiat.

Кога се тестираше постариот брат Fiat 500L, тој бил маскиран, во камуфлажна фолија, возен низ улиците на градот, како и Шумадија, во еден дел од тестовите. Ѓорѓевиќ очекува истото да се случи и со новиот електричен автомобил.

Работниците од странство се вратија во Србија, се очекуваат нови вработувања

Ѓорѓевиќ говорејќи за бројот на работници во фабриката во Крагуевац и дали се подготвени за сериско производство на новиот модел, Ѓорѓевиќ вели дека се.

Тој наведува дека работниците кои се обучувале во странство во неколку фази се враќале во Србија и дека веднаш се вклучиле во работи поврзани со производство на нов автомобил.

Дополнително, додава, наскоро ќе бидат отворени и конкурси за вработување на нови вработени кои исто така ќе ја поминат потребната обука.

Нема потврди од Stellantis

Од компанијата Stellantis не сакаа да ја потврдат информацијата за првите модели произведени во Крагуевац, ниту дали тестовите се во тек, нагласувајќи само дека проектот е во тек.

Сè уште не е познат точниот датум кога на јавноста ќе и биде претставено првото електрично дете од Крагуевац, ниту каде ќе биде.

Ѓорѓевиќ забележува дека тоа е првиот електричен автомобил произведен на Балканот и дека би било убаво да биде претставен во Србија.

Во оптек се неколку датуми, а речиси сигурно е дека новиот модел ќе биде претставен на лето.

Иако во јавноста се зборуваше дека овој електричен автомобил ќе биде рестилизиран модел на Panda на FIAT, од компанијата Stellantis не го потврдија тоа ниту го објавија официјалното име на новиот модел. Неколку пати домашната јавност шпекулираше за изгледот на автомобилот и цената, но компанијата се уште не го обелоденува.





НАЈНОВИ