Почетна Актуелно Наскоро новот...

Наскоро новото Maserati GranCabrio

930

Откако претходно го претстави новото купе GranTurismo, од Maserati потврдија дека на 29 февруари својата премиера ќе ја има неговата кабриолет верзија наречена GranCabrio…

Како и GranTurismo, GranCabrio ќе има 3.0-литарски twin-турбо бензински мотор со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква V (во верзии на моќност со 360 kW/490 КС и 600 Nm или 405 kW/550 КС и 650 Nm максимален вртежен момент).

Моќните агрегати доаѓаат во комбинација со осум (8)-брзински автоматски менувач.

Подоцна ќе пристигне и електричната верзија Folgore со 560 kW/761 КС и 1350 Nm, со батерии од 92 kWh и автономија од околу 450 km, со едно полнење на батеријата.

Сите три верзии ќе бидат достапни со тркала од 20 и 21 инчи.

Внатре, со подобри материјали и модерна технологија, се очекуваат 12,2-инчен дигитален инструмент табла и 12,3-инчен информативно забавен екран на допир, заедно со уште еден 8,8-инчен екран на допир и head-up дисплеј.