Електричен Ineos Fusilier

Компанијата Ineos го потврди своето целосно електрично возило 4×4 минатата година, со најава дека таков модел може да се очекува да излезе во продажба во 2026 година…

Сега е објавено дека неговото име ќе биде Ineos Fusilier, но и дека почетокот на продажбата е поместен за почетокот на 2027 година.

Во моментов нема многу детали, но претходно беше наведено дека досегот со едно полнење на батеријата ќе надмине 400 километри.

Исто така, Ineos Fusilier ќе има скејтборд платформа. Според Ineos, компанијата размислувала да го претвори стандардниот Grenadier во EV, но заклучила дека би било премногу тешко да се спакува голема батерија во нејзината рамка.

Следствено, тие беа принудени да започнат со празен лист хартија за новиот модел и да користат архитектура посоодветна за електричните возила.

„Ќе биде малку помал од Grenadier и ќе има свој карактер, но сепак ќе личи на помладиот брат – семејната сличност ќе биде тука“, објави претходно сопственикот на Ineos, Џим Ретклиф (Jim Ratcliffe).

Компанијата тврди дека Fusilier ќе биде „неспоредлив“ теренец и не само што ќе нуди теренски способности досега невидени во EV, туку ќе биде погоден и за „работни работи“.

Ineos го разви својот прв EV во партнерство со Magna Steyr, кој исто така одигра клучна улога во развојот на Grenadier.

Покрај целосно електричната верзија, Fusilier ќе добие и варијанта со бензински мотор за проширување на опсегот. Последната верзија моментално е во развој, а ќе има мал бензински мотор кој ќе делува како генератор.

„BEV се совршени за одредени намени: пократки патувања и урбани испораки, но индустријата и владите треба да имаат реални очекувања за другите технологии кои можат да помогнат да се забрза потребното темпо на промени. „Затоа нудиме дополнителен погонски агрегат за Fusilier, таков што драматично ги намалува емисиите, но го има потребниот опсег и можности за полнење гориво“, вели Ретклиф.

Двете варијанти ќе бидат произведени од Magna во Австрија, а Fusilier на крајот ќе помине низ „ригорозна програма за тестирање на австриската планина Шокл =(Schockl) “.

Батериите ќе ги набавува Samsung и ќе ги склопува во Унгарија, но повеќе детали допрва ќе следуваат.

Ineos го вели и ова: „Објавата за нашата трета линија на модели е уште една значајна пресвртница, која ја зајакнува нашата намера како производител на автомобили. Како и целата наша линија возила, тука сме на долги патеки“.





НАЈНОВИ