Наследникот на Bugatti Chiron пристигнува со хибриден погон на 20 јуни

Bugatti го потврди официјалниот датум на пристигнување на наследникот на Chiron…

Така, новиот хипер автомобил ќе биде претставен на 20 јуни, а ќе го придвижува V16 хибриден мотор. Оваа година Bugatti го означи крајот на една ера со прекин на производството на Chiron. Последната копија на егзотичниот модел лансиран во 2016 година е произведена пред околу 15 дена.

За среќа, Bugatti Chiron ќе има наследник кој ќе биде откриен многу наскоро. Всушност, францускиот производител официјално го потврди датумот на лансирање на наследникот на Chiron, кој Bugatti се уште го чува во тајност. Така, новиот модел официјално ќе биде претставен на 20 јуни.

Она што е познато од претходно, најновиот наследник на Chiron ќе има V16 хибриден мотор, кој би можел да развие околу 1.800 коњски сили. Новиот мотор ќе ја замени сегашната единица W16, односно чист мотор со внатрешно согорување.

Исто така, во споредба со моторот со суперполнење на Chiron, моторот на неговиот наследник ќе биде атмосферски. Според неофицијални информации, новиот модел ќе забрзува до 100 km/h за две секунди, ќе бидат потребни помалку од 5 секунди за да достигне 200 km/h, додека брзиномерот ќе отчукува 300 km/h за помалку од 10 секунди. Максималната брзина ќе биде електронски ограничена на 446 km/h.

Испораките нема да започнат до 2026 година, а производството ќе биде ограничено на само 250 примероци.





НАЈНОВИ