Нова BMW Series 1 (F70)

BMW ја претставува новата Series 1 со кодно име F70, која го заменува претходниот F40, кој постоеше само околу пет години…

Како што се очекуваше, новата серија 1 е поголема од својот претходник. Тој е подолг за 42 mm (сега 4361 mm) и 25 mm повисок (1459 mm). Ширината остана 1800 mm, а автомобилот има идентично меѓуоскино растојание (2670 mm).

И покрај тоа што е малку поголем од порано, сепак има капацитет за багаж од 380 литри (1.200 литри со склопени задни седишта).

Во верзиите 120 и 120d, капацитетот на багажникот е намален на 300 литри (1.135 литри со склопени задни седишта). Разликата доаѓа од батеријата од 48 волти сместена во багажникот на моделите 120 и 120d, кои имаат блага  (mild) хибридна технологија.

Четвртата генерација на Series 1 има и интересна предна табла. Вообичаените вертикални летви се прекинуваат со аголни летви кои изгледаат како трите линии во логото ///M.

Од друга страна, M135 xDrive има различни „бубрези“, спортски хоризонтални летви слични на моделите М.

Маската е опкружена со редизајнирани фарови со матрични LED светла и сини влошки, додека задните светла во голема мера се моделирани според новиот X2.

Series 1 добива стандарден сет од 17-инчни тркала, а купувачите можат да добијат тркала од 18 и 19 инчи, вклучувајќи ковани алуминиумски комплети кои ја намалуваат тежината.

Новата генерација на „единицата“ доаѓа со избор од девет бои (од кои седум се металик), плус четири Индивидуални бои и други специјални завршетоци. Постои и опција за контрастен покрив во црна со висок сјај.

Во внатрешноста, F70 ги отстранува повеќето од конвенционалните контроли, па прилагодувањето на температурата се врши исклучиво од централниот екран. Инфозабавата сега работи на iDrive 9 со 10,7-инчен екран на допир, покрај 10,25-инчниот екран на возачот.

Се вели дека новиот дизајн на кабината и дава разигран изглед на кабината, зајакнат со амбиенталното осветлување кое се протега до рачките на вратите. Пакетот M Sport додава и волан со три краци обложен со кожа.

Внатрешноста без кожа е стандардна во новата серија 1, која има стандардни платнени седишта Arktur. Опционалните спортски седишта се обложени со Econeer ткаенина. BMW нуди и ентериери кои комбинираат Veganza (вештачка кожа) со Alcantara.

Опционалниот панорамски стаклен покрив е електрично прилагодлив. Има и опционален аудио систем Harman Kardon и Head-up дисплеј.

Палетата вклучува бензински и дизел мотори. На лансирањето, новата Series 1 ќе се нуди како BMW 120 опремен со трицилиндричен бензински агрегат од 1,5 литри. Моторот со турбополнач користи блага хибридна технологија и има моќност од 125 kW/170 КС и 280 Nm. Ова овозможува забрзување од 0-100 km/h за 7,8 секунди и максимална брзина од 226 km/h.

Во случај на дизел изведбите, со 2.0-литарскиот со четири цилиндри агрегат има моќност од 110 kW/150 КС и 360 Nm максимален вртежен момент во верзијата 118d и 120 kW/163 КС и 400 Nm вртежен момент кај благиот (mild) хибриден 120d. Првиот до 100 km/h забрзува за 8,3 секунди, а вториот за 7,9 секунди. И двете имаат максимална брзина од 222 km/h.

Два дополнителни бензински модели ќе бидат додадени оваа есен (верзии 116 и 123 xDrive), исто така без буквата „i“ во нивните имиња. Без разлика на погонската група, новата Series 1 се нуди исклучиво со седум (7) степен автоматски менувач на брзини, со двојна спојка.

Сите варијанти имаат погон на предните тркала, освен верзиите 123 xDrive и M135 xDrive со погон на четири тркала.

BMW предвидува дека Европа ќе остане најважниот пазар на автомобилот бидејќи 80% од побарувачката за  Series 1 доаѓа од Стариот континент. Германија беше и останива пазар број еден, а потоа следуваат Италија, Велика Британија, Шпанија и Јапонија.

Series 1 F70 ќе се произведува во Лајпциг, а на пазарот ќе биде претставен во октомври тековната 2024 година. Од лансирањето пред 20 години, Series 1 продаде над три милиони единици во три различни генерации.

Цените во Германија започнуваат од 32.900 евра за BMW 116, 37.900 евра за BMW 120 и 56.200 евра за BMW M135 xDrive. Најевтиниот дизел 118d започнува со цени од 38.200 евра.





НАЈНОВИ