Новиот BMW M5 со повеќе од 700 КС

По премиерата на стандардните верзии на новата Series 5 и електричниот модел i5, BMW го подготвува новиот седан M5 (G90) како и M5 Touring (G99)…

Меѓу другото, овој модел со високи перформанси ќе добие испакнати калници, модифицирани браници, различни странични прагови, голем заден дифузер и спојлер на багажникот.

Секако, дел од пакетот М ќе вклучува и спортско подесена суспензија, спортски издувен систем, посилни сопирачки, специјални алуминиумски тркала и префинет ентериер со спортски седишта.

Што се однесува до погонот, тоа е plug-in хибридно возило, уште еден модел М од компанијата по XM кој прифаќа PHEV поставување.

Новиот M5 Touring се очекува да започне да се произведува во ноември оваа 2024 година, откако седанот М5 ќе се појави на производната лента во јули. За разлика од помалиот M3 Touring, зборот е дека BMW има намера да го продаде M5 Touring во САД.

Одделот М веќе потврди дека новиот M5 ќе користи адаптација на plug-in хибридниот V8 кој дебитираше во XM.Што се однесува до моќноста, упатените тврдат дека ќе има комбинирана моќност од 718 КС и 1030 Nm вртежен момент, како и батерија од 18,6 kWh.

Станува збор за twin турбо 4,4 литарски V8 кој ќе работи со електричен мотор за да го создаде најмоќниот М5 досега, но кој ќе тежи 2435 килограми. Ќе има и погон на четири тркала. Се вели дека новиот M5 е 36 mm повисок од сегашниот M5 и 70 mm поширок.





НАЈНОВИ