Погледнете како автомобилот на Xiaomi вози и паркира без возач

Поминаа три години откако Xiaomi најави влез во светот на електричните автомобили, а се верува дека во следните 15 до 20 години ќе биде еден од петте најголеми производители во светот на ова поле…

Пристигна SU7, кој нуди бројни напредни системи, а сега промотивното видео откри интересен детал.

На видеото се гледа како Xiaomi SU7 се приближува до повеќе катната јавна гаража.

Возачот застанува на рампата, го активира системот за автономно возење и излегува од возилото.

Автомобилот продолжува сам, а во еден момент налетува на Аudi А7.

Тој го избегнува ударот, патки и потоа продолжува на слободно паркинг место и се паркира со рикверц.

Видеото не открива дали се работи за специјално опремена гаража која е адаптирана за примена на вакви системи или пак овој пример добил збогатен софтвер со целосна мапа на гаражата.

Ако целосниот маневар бил изведен без посебни подготовки на возилото, тогаш тоа секако е една од највпечатливите демонстрации на вакви системи.





НАЈНОВИ