Продажбата на електрични автомобили во Германија драстично паѓа

Статистиката објавена за мај оваа 2024 година покажува дека продажбата на електрични возила на пазарот во Германија паднала за значителни 30,6 отсто во споредба со истиот месец во минатата 2023 година…

Падот е драматичен, а во голема мера е предизвикан од тоа што веќе нема субвенции за набавка на електрични возила.

Германската влада ги укина на почетокот на годинава, го повторуваат податокот специјализираните портали.

Од 236.425 нови автомобили регистрирани минатиот месец (Мај) во Германија, растот на продажбата на возила придвижувани со мотори на бензин е 2,1 отсто и тие имаат најголемо учество од 38 отсто на пазарот.

Дизел автомобилите се на второ место со 19 отсто и раст од 3,2 отсто.

Продажбата на хибриди остана непроменета, додека plug-in хибридите забележаа маргинален раст од 1,7 отсто.

Вкупната продажба на сите возила во Германија падна за 4,3 отсто во мај 2024 година во споредба со истиот месец во претходната 2023 година.

Зборувајќи за електричните автомобили, Tesla го доживеа најголемиот пад од која било марка во минатиот месец – мај во оваа 2024 година, со пад на продажбата за 64% од годишно ниво.

Сумирано од почетокот на оваа 2024 годината падот изнесива  41,4%, споредено со истиот период минатата 2023 година.





НАЈНОВИ