Продажбата на нови автомобили во Русија

Во првиот квартал од тековната 2024 година продажбата се удвои на 365.000 единици…

Продажбата на нови автомобили во Русија во првиот квартал од 2024 година се удвои во споредба со истиот период минатата година на приближно 365.000 возила, објави рускиот медиумски сервис РБК Росбизнесконсалтинг (RBK (Rosbizneskonsalting).

Изворот на РБК рече дека овие податоци може малку да се разликуваат од официјалните податоци на Министерството за индустрија и трговија на Русија, како и од официјалните податоци на организацијата Аvtostat, но дека тие целосно ги одржуваат трендовите во Русија.

Прес-службата на агенцијата РБК објави дека се уште немаат целосни податоци за продажбата во март, но „дефинитивно ќе биде поголема од февруари“ кога во Русија беа продадени 104.000 нови автомобили.

Од 1 април Русија воведе нова процедура за пресметување на надоместокот за рециклирање на автомобилите увезени од Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), што, според очекувањата, треба да доведе до зголемување на цената на тие возила за 20 до 28 отсто.

Потрошувачите кои планирале да купат ново возило најверојатно побрзале да го купат додека важат старите цени, сметаат аналитичарите, пренесувааат агенциите од регионтот.

 





НАЈНОВИ