Се продава еден од само трите BMW M1 во сребрена Polaris боја

BMW го произведе својот спортски автомобил М1 помеѓу 1978 и 1981 година, кога беа направени вкупно 399 примероци…

Сега RM Sotheby’s објавува дека ќе понуди еден од трите BMW M1 во Polaris Silver боја (внатрешност со седишта во црни кожна) на аукција на 1-ви март.

BМW наводно го изградил овој М1 на 23 февруари 1981 година и го доставил до официјален дилер на BМW во Франција на 27 март истата година. Автомобилот потоа заминал во Јапонија во 1983 година, каде што останал додека не бил извезен во Белгија во 2006 година.

На Северно американскиот континент пристигнал во 2016 година.

Автомобилот има поминато вкупно 10.688 милји (околу 17.200 km).

Погонот го обезбедува 3,5-литарски со шест цилиндри бензински мотор со моќност од 273 КС и 325 Nm максимален вртежен момент, кој е поврзан со петстепен мануелен менувач.

Максималната брзина е 260 km/h.

Автомобилот доаѓа со сертификат BMW Classic кој ги потврдува неговите спецификации, како и оригинално куќиште М1.

Тој има и прирачници, комплет со алатки и фотокопии од своето време во Јапонија и Европа.

RM Sotheby’s проценува дека овој М1 би можел да се продаде за сума од 750.000 до 950.000 американски долари (пресметано во европски банкноти, според актуелниот курс од 695.835 до 881.395 евра).





НАЈНОВИ