Се продава Kimera EVO37 Martini 7

Компанијата Kimera Automobili неодамна го претстави моделот EVO38 со погон на четири тркала и поголема моќност во однос на претходникот, меѓутоа овој модел не ја „украде“ магијата на моделот EVO37 кој има само погон на задните тркала…

Нај посебниот примерок од серијата, уникатниот Martini 7, се појави на пазарот на половни автомобили, а има поминато само 322 километри.

Според информативните агенции, Kimera EVO37 е многу редок примерок на ресто-мод базиран на Lancia 037, имајќи предвид дека беа произведени само 37 примероци, но само еден од нив беше подложен на третман Martini 7. Токму оваа копија е прикажана на фотографиите и е специјално издание создадено во чест на седумте WRC титули освоени од тимот на Мartini во периодот од 1983 до 1992 година.

Покрај атрактивната боја, карбонската каросерија има неколку промени, вклучувајќи дополнителни фарови инспирирани од WRC, продолжен аеродинамичен пакет (aero body kit), неколку канали NACA и систем за брзо ослободување (quick-relase) на задниот браник, кој брзо дава пристап до моторот.

Внатрешноста е обложена со сина алкантара, додека контрастот е направен од карбонски детали. Гравирањето на обработениот алуминиумски менувач открива дека ова е шестиот произведен модел EVO37.

Исто како и надворешноста, и внатрешноста е во состојба на изложбен салон, што докажува дека автомобилот е чуван во гаража.

Kimera EVO37 Martini 7 е придвижуван од 2,1-литарски турбо мотор со супер полнач кој развива 557 КС, што значи дека овој модел е помоќен од стандардниот ресто мод со 507 КС. Масата на автомобилот е намалена на околу 1.100 кг.

Автомобилот се нуди на продажба по цена од 1.170.000 британски фунти, односно 1.365.635 евра, без трошоци за испорака.

„Оригиналната“ цена на моделот EVO37 Martini 7 никогаш не била јавно обелоденета, но познато е дека стандардните примероци чинеле помеѓу 480.000 и 540.000 евра.





НАЈНОВИ