Наследникот на Lamborghini Huracana ќе пристигне во август

Се вели дека наследникот на Huracan ќе означи значајна еволуција во линијата на супер автомобили на Lamborghini…

Според некои медиуми, неговото име треба да биде Temerario  (Темерарио – „бестрашен“), што е името што CarBuzz го откри на почетокот на оваа година во документите за Европската канцеларија за интелектуална сопственост (EUIPO). Шефот за продажба и маркетинг Федерико Фоскини (Federico Foschini) во меѓувреме потврди дека замената за Huracan ќе има премиера во август.

Бидејќи не се планира механички поврзан Audi R8, според претходните информации, Lamborghini има слобода да развие замена за Huracan како независен производ, без никакви компромиси. Ќе се базира на нова платформа која е исклучиво развиена за супер автомобилот, но не е исклучено да биде споделена со другите членови на групацијата Volkswagen.

Наследникот на Huracan ќе го загуби својот атмосферски V10 мотор во корист на помал plug-in хибриден погонски агрегат базиран на twin – turbo V8 мотор. Фоскини тврди дека PHEV V8 е објективно подобар од моторот на внатрешно согорување – V8: „Самиот пакет е многу подобар од обичен автомобил со мотор на внатрешно согорување. Постојат карактеристики што не можете да ги добиете без електричен мотор [како активно векторирање на вртежниот момент]; ви дава можност уште повеќе да го искористите потенцијалот на моторот“.

Еден од ретките потврдени детали е дека Lamborghini ќе го користи истиот 8-брзински автоматски менувач со двојна спојка што се наоѓа во Revuelto.  Има извештај кој вели дека турбо- полначите нема да работат до 7.000 вртежи во минута, додека електричниот мотор ќе седи помеѓу V8 моторот и менувачот DCT.  Електрификацијата е неопходна затоа што дури и Lamborghini мора да ги исполнува сè построгите регулативи за емисиите. Новитетот најверојатно ќе биде малку поголем автомобил од Huracan за да се приспособи на дополнителниот хардвер што го бара поставката PHEV.

 





НАЈНОВИ