Stellantis повлече повеќе од 200.000 pick – up и SUV возила во САД

Stellantis повлече повеќе од 200.000 pick – up камионети, како и SUV возила на пазарот во Соединетите држави поради софтверски дефект што може да ги наруши нивните електронски системи за контрола на стабилноста…

Компанијата соопшти дека проблемот произлегува од неисправниот систем против блокирање на сопирачките, кој истовремено погрешно го деактивира системот за контрола на стабилноста, пренесува новинската светска агенција CNN.

Само како напомена ќе кажеме дека контролата на стабилноста е клучна во случаи кога возачот ја губи контролата над возилото, на пример на замрзнат или влажен коловоз.

Националната администрација за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA) во САД соопшти дека овој дефект во возилата на Stellantis може да ја зголеми веројатноста за судар.

Танјуг вели дека компанијата ги повлече Dodge Durango од 2022 година, како и Ram 2500 и 3500 од 2022 година. Моделот Ram 2500 е особено погоден, со речиси 158.000 повлечени возила.Stellantis најави дека на крајот на јули ќе започне да контактира со сопствениците на споменатите возила, кои ќе можат бесплатно да ги ажурираат системите за противблокирање на сопирањето кај дилерите на автомобили.

 





НАЈНОВИ