Се продава VW Golf I со само 36 километри – како нов по повеќе од 40 години

Еден од најлегендарните модели во историјата на автомобилската индустрија, Volkswagen Golf I, се појави на продажба во речиси неверојатна состојба – со само 36 изминати километри.

Овој примерок е произведен во 1983 година во фабриката во Брисел и практично останал „замрзнат во времето“. Автомобилот ги задржал оригиналните делови и документација, а благодарение на минималната километража се наоѓа во речиси совршена состојба.

Станува збор за верзија со пет врати во боја Diamond Silver Metallic, опремена со алуминиумски тркала и пошироки Goodyear гуми. Интересно е што овој Golf нема радио ниту потпирачи за глава, што било карактеристично за поосновните модели од тоа време.

Под хаубата се наоѓа бензински мотор од 1.5 литри со околу 70 коњски сили – доволно за автомобил тежок околу 800 килограми.

Возилото се продава преку аукција, а сегашниот сопственик е колекционер кој сака да ослободи простор за нови модели. Почетната цена била околу 25.500 евра, но засега интересот не е голем.

Сепак, потенцијалните купувачи треба да имаат предвид дека автомобилот долго време стоел, па ќе бидат потребни одредени сервисни зафати пред повторно да се користи.

Ваквите примероци се вистинска реткост на пазарот и претставуваат уникатен дел од автомобилската историја – речиси како штотуку да излегол од производствената линија.

НАЈНОВИ