Приказната за создавањето на брендот Lamborghini често започнува со конфликт меѓу неговиот основач Ferruccio Lamborghini и легендарниот Enzo Ferrari.
Ferruccio Lamborghini по Втората светска војна изградил успешна компанија за производство на трактори и станал богат индустријалец. Како љубител на брзи автомобили, поседувал и неколку модели на Ferrari. Сепак, имал забелешки за нивната изработка, особено за спојката, па решил лично да разговара со Енцо Ферари.
Според познатата приказна, разговорот завршил со несогласување, по што Lamborghini решил да создаде сопствен спортски автомобил кој ќе биде подобар и поудобен за возење. Така, во 1963 година ја основал својата автомобилска компанија.
Само неколку години подоцна се појавил моделот Lamborghini Miura, автомобил што многумина го сметаат за еден од првите модерни суперавтомобили. Со него брендот Lamborghini брзо се наметна како сериозен ривал на Ferrari.
Оваа приказна и денес се раскажува како пример како од една расправија и силна амбиција може да се роди легенда во автомобилската индустрија.