Stellantis планира да произведе уште два модели на хибридни возила во Италија

Компанијата Stellantis планира да и предложи на владата во Рим производство на уште два модели на хибридни возила во Италија и со тоа да ги намали тензиите со локалните политичари кои настанаа поради најавата за намалување на производството на Апенинскиот полуостров…

Европскиот производител на автомобили има намера да произведува хибридни верзии на моделите Jeep и Fiat 500 во Италија.

Хибридниот Jeep би можел да се произведува на локацијата Мелфи во Јужна Италија, а Fiat 500 во фабриката Мирафиори во Торино, пренесуваaт информативните агенции.

Како што е наведено, извршниот директор на Stelantis, Карлос Таварес (Carlos Tavares), ќе го претстави овој предлог на состанок со локалните синдикати во Торино.

Глобалната побарувачка за целосно електрични автомобили забавува, а владите ширум Европа се обидуваат да ги спасат работните места во автомобилската индустрија во нивните земји.

Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA) на 22 мај објави дека бројот на регистрирани електрични возила со батерии во април се зголемил за 14,8 отсто на годишно ниво, на 108.552 автомобили, а пазарниот удел на овие возила остана стабилен на околу 12 отсто.

Во исто време, уделот на хибридно-електричните возила (HEVs) значително се зголеми на годишно ниво, бидејќи во април 2023 година изнесуваше 24,9 проценти.

Некои компании веќе најавија дека во иднина повеќе ќе се фокусираат на производство на хибриди наместо на целосно електрични возила на батерии.





НАЈНОВИ