Tender 5.7 базиран на BMW Z4

BMW 507 ја инспирираше германската компанија Estella-Fahrzeugtechnik GmbH да го создаде ретро родстерот Tender 5.7, користејќи го BMW Z4 (G29) како основа…

Оваа модерна интерпретација на BMW 507 се карактеризира со целосно редизајнирана каросерија од јаглеродни влакна, тркалезни фарови, издолжена маската, странични жабри и карактеристични линии на калниците.

 

Внатрешноста во голема мера е пренесена од BMW Z4, вклучувајќи го дигиталниот кокпит, аудио системот Harman Kardon и друга опрема.

Сепак, кабината со две седишта сега е обложена со нова кожа, со напомена дека може индивидуално да се персонализира според вкусот на сопственикот.

Под хаубата се наоѓа бензински мотор со работен волумен од 3.0-литри, со шест цилиндри преземен од BMW Z4 M40i, овде со 373 располага со моќност од  kW/507 КС и 650 Nm  максимален вртежен момент.

Пакетот вклучува и нов издувен систем, целосно прилагодлива суспензија и сет од 20-инчни алуминиумски тркала.

Секој од 15-те примероци планирани за производство ќе биде обоен во уникатна нијанса.

Палетата на бои ги вклучува следните опции: Turmalin Purple Metallic, Feather White, Verde Ermes, Black Piano Lacquer, Impala brown Metallic, Frozen Grey, Maldives Blue, Ascot Green, Brilliant Red, Steel Blue, Estoril Blue, Byzanz Metallic, Fun Yellow, Oriental Blue и Cashmere Beige Silver Gold.

Според официјалната веб-страница, две од 15-те парчиња веќе се продадени на клиентите.

Исто така од специјализираниот магазин Auto Moto Und Sport известуваат дека цената на секое возило започнува од 288.000 евра, за потоа да се надградува според желбите на потенцијалниот купувач.

 





НАЈНОВИ