Најавен Volkswagen Golf GTI Clubsport

Volkswagen го потврди новиот Golf GTI Clubsport за последниот ден од месецов, за 31 мај, а тизер сликите покажуваат што може да се очекува од овој Golf со високи перформанси…

Golf GTI Clubsport се одликува со модифициран преден дел, дотерани фарови и осветлена значка VW, како и голем заден спојлер на покривот, по една издувна цевка во секој агол и нови тркала со големини од 19 инчи.

Иако сè уште е под маската, моделот на сликите го навестува својот конечен изглед.

Механичките детали се уште не се откриени, но Volkswagen уверува дека ова ќе биде најмоќниот Golf GTI со погон на предните тркала досега.

Електронски контролирано блокирање на предниот диференцијал, опционална DCC адаптивна контрола на шасијата и единствен режим на возење наречен  Нирбургринг (Nirburgring) се дел од пакетот.

Иако деталите за моќноста се уште не се потврдени, тој ќе го надмине сегашниот Golf GTI. Golf GTI беше обновен и зајакнат на почетокот на оваа година (од 245 КС на 265 КС), а доаѓа само со седум (7) – степен DSG менувач на брзини.

Повеќе детали за Golf GTI Clubsport ќе следат наскоро на Нирбургринг (Nirburgring) за време на легендарната 24-часовна трка на оваа патека што е вистинска икона во светот на мото – спортот.





НАЈНОВИ