Грчките траект- оператори повеќе не превезуваат EV со полни батерии

Според германскиот ADAC, операторите на грчките поморски превозници воведоа ограничувања во однос на надополнувањето на влечната батерија на електрични автомобили и plug-in хибриди, за оние четири тркала што сопствениците сакаат да ги превезуваат со грчки фери – боти, до грчките острови…

Повеќето траекти повеќе не прифаќаат целосно наполнети електрични возила. Како што пренесува германскиот автоклуб ADAC, повикувајќи се на новата регулатива на грчкото Министерство за превоз и островска политика, која стапи на сила на 16 април тековната 2024 година, а новата регулатива ја спроведуваат најголемите грчки бродски компании.

Единиците за складирање енергија на електричните возила во иднина, од безбедносни причини, ќе можат да имаат максимално ниво на полнење на ќелиите на батериите од само 40%.

Во извештајот се наведува дека фокусот на превозникот е токму на батериите на чисто електрични возила, како и на plug-in хибридите.

Нивното ниво на полнење очигледно се проверува и кога возилата се натоварени. Причината веројатно е што испраќачите се плашат од пожари предизвикани од електрични возила.

Од друга страна, експертите од ADAC не гледаат никаков конкретен доказ дека електричните автомобили претставуваат поголем ризик од пожар од оној поврзан со возилата што се напојуваат со мотори со внатрешно согорување. „Во принцип, се разбира, никогаш не може целосно да се исклучи можноста автомобилот да се запали поради дефект, но тоа важи за сите видови погони, не само за електричните“, велат од клубот ADAC.

Пожарот што лани зафати брод одговорен за превоз на автомобили започна широка дискусија на тема опасноста од пожар што ја носат електричните автомобили.

Во Северното Море изгоре траектот „ Fremantle Highway“. Се уште не е јасно дали пожарот го предизвикал електричен автомобил, пренесуваат светските медиуми.

Сепак, темата доби големо внимание и поттикна дискусија за опасноста од пожари (само запалувања) во електричните автомобили, за кои пак е потврдено дека потешко се гасат одошто возилата што пак се опремени со мотори на внатрешно согорување.

 

 





НАЈНОВИ