Полицијата во Дубаи додаде Tesla Cybertruck, модерен електричен автомобил со футуристички дизајн, во својата луксузна патролна флота, пишува Полицијата на Дубаи на социјалната мрежа X…
Електричниот автомобил е направен од не-рѓосувачки челик, има уникатен дизајн и стана популарен меѓу многу познати личности. Сега, исто така, ќе ги запре криминалците во Обединетите Арапски Емирати, бидејќи овој модел станува најновиот додаток на возниот парк на автомобили на полицијата во Дубаи.
Како што потсетуваат специјализираните портали, полицијата во Дубаи е позната по егзотичните модели, па, и покрај импозантниот раст, Cybertruck изгледа како џуџе, барем кога е цената во прашање.
Имено, кога имате возила вредни стотици илјади евра или дури и повеќе од милион евра во вашиот возен парк, како што се Aston Martin One-77, Bentley Continental GT, Bugatti Veyron, Lamborghini Urus Performante и Aventador, Audi R8 Coupe V10, Mclaren MP4- 12C, Mercedes -AMG GT63 S и Maserati Granturismo, во таа импресивна низа Tesla Cybertruck е само интересен маркетинг додаток.
Една од силните страни на Cybertruck се неговите плочи од не’рѓосувачки челик отпорни на куршуми.