Теslа го произведе 6 милионитиот автомобил

Tesla штотуку достигна уште една пресвртница, произведувајќи го своето 6-милионито возило, 16 години по лансирањето на својот прв модел, Roadster од 2008 година…

Шест милионитото возило е Model Y, најпродаваниот автомобил на планетата. Минатата година Теslа продаде 1,23 милиони примероци од овој модел.

Во секој случај, ова достигнување означува значаен момент за американскиот производител на електрични возила.

Шест милиони возила се многу повеќе од кој било друг производител на автомобили, вклучувајќи го и новиот предизвикувач BYD од Кина (која досега има изградено околу 3,5 милиони електрични возила).

Производството на Cybertruck треба да се зголеми до 2024 година, а новиот Model 3 на Tesla исто така може да му помогне на брендот да ја зголеми својата продажба.

Теslа го произведе својот 4-милионити автомобил во март 2023 година и неговиот 5-милионити автомобил во септември 2023 година. Ова покажува дека производството е конзистентно, при што Теslа исто така истакна дека има изградено дополнителен капацитет од март 2023 година.

И покрај не реализираните поставени цели, Tesla сепак забележа раст од 8 отсто во вкупната продажба во првиот квартал од 2024 година





НАЈНОВИ