Теslа тврди дека возењето со вклучен Autopilot е осум пати побезбедно

Tesla објави интересен извештај за безбедноста на своите автомобили, врз основа на податоците собрани во текот на првиот квартал од 2024 година…

Извештајот ја нагласува важноста од користење на полуавтономниот систем „Full Self-Driving“ (FSD) додека возите.

Според Tesla, овој систем за помош на возачот драстично ја намалува веројатноста за сообраќајна несреќа.

Теslа тврди дека во првиот квартал од 2024 година, врз основа на податоците од нивните електрични автомобили, имало една несреќа на 12,28 милиони поминати километри кога системот бил активен.

Во автомобилите во кои системот не бил активен, на секои 1,54 милиони километри се случувала по една несреќа, пренесуваат онформативните агенции.

Компанијата ги спореди тие податоци со најновите податоци од американската Национална управа за безбедност во сообраќајот и Федералната администрација за автопати (National Highway Traffic Safety Administration and Federal Highway Administration), според кои, во просек, една сообраќајна несреќа во САД се случува на секои 1,08 милиони километри.

Tesla објави и табела која ја прикажува историјата на несреќи со и без FSD или Autopilot.

Трендот покажува дека со текот на годините се зголемува бројот на поминати километри по несреќа, што би требало да значи дека нивните автомобили се побезбедни.

Теslа исто така нагласува дека оваа статистика ги вклучува сите несреќи, вклучително и оние во кои ниту еден систем за помош на возачот не може да интервенира за да спречи судир, како на пример друго возило кое удрило во Теslа кога автомобилот бил запрен.

Иако Tesla се гордее со ефикасноста на своите полуавтономни системи за помош на возачот, компанијата беше предмет на бројни истраги за несреќи што се случиле со активниот систем Autopilot, или FSD.

Но, треба да се нагласи дека повеќето од овие несреќи се виновни на возачите бидејќи претерано се потпирале на системот и не следеле што се случува на патот пред нив.

Многумина тврдат дека самата компанија Теslа е виновна за овие случаи, бидејќи имињата Full Self-Driving и Autopilot сугерираат дека автомобилот може целосно да вози сам, но всушност станува збор за полуавтономни системи кои служат само за помош на возачот, а не за целосно независно возење.

 





НАЈНОВИ