Тоyotа размислува за спортски GR SUV модел

Тоyotа размислува за моќен SUV модел за својата растечка линија на спортски автомобили Gazoo Racing. ..

Визуелниот третман GR Sport веќе е применет на неколку производи, но целосниот SUV модел со високи перформанси сè уште не е достапен.

Тоа веројатно ќе се промени во иднина.

Во разговор со австралискиот магазин Car Expert, шефот на GR Томоја Такахаши вели дека таков теренец е неопходен: „Во иднина, од моја гледна точка, ни треба GR SUV. Некои луѓе може да користат SUV само затоа што имаат семејство или имаат потреба од простор. За да го прошириме нашиот бренд GR, можеби ќе биде потребен SUV“.

Тој одби да навлегува во детали за тоа кој модел би можел да добие третман со GR. Сепак, тоа би било еден од поголемите теренци бидејќи Yaris Cross и C-HR не се толку пространи.

Тоа може да биде Land Cruiser, било да е верзијата LC 250 / Prado или големиот LC300 што се продава на одредени пазари. Исто така, можеби и GR RAV4 би имал смисла.

Такахаши истакна дека Gazoo Racing треба да го идентификува вистинскиот модел за идно проширување на портфолиото бидејќи неговите ресурси се ограничени. Тој не може да лансира повеќе производи за кратко време поради буџетски ограничувања. Засега, Yaris, Corolla, 86 и Supra се нудат во целосна GR форма.

 





НАЈНОВИ