VinFast VF 3

Автомобилската компанија од Виетнам – VinFast минатата година го претстави електричниот модел VF 3, а сега овој градски автомобил е подготвен за лансирање на пазарот…

Како што е наведено, VF3 е наменет за урбани патници кои бараат прифатливо, зелено транспортно решение.

Мини возилото има за цел да го револуционизира урбаното патување со својата компактна големина и електричните способности. Со должина од само 3114 mm и растојание помеѓу оските од 2075 mm, моделот VF 3 е доказ за акцентот на VinFast на практичноста и ефикасноста. Овој мини автомобил има две врати, обезбедувајќи многу простор за патниците и покрај неговата компактна надворешност.

Со тркала со големина од 16 инчи покажува висок клиренс (191 mm) и според најавите лесно се движи низ различни терени што го прави идеален избор.

Исто така VF 3 се издвојува со смелите геометриски линии и истакнатите лакови на калниците, кои го подобруваат неговото динамично визуелно влијание.

Во согласност со неговата цел да биде автомобил за секого, тој ќе биде достапен во повеќе опции за бои за да одговара на различни вкусови.

Внатре, VF 3 останува верен на минималистичките дизајнерски принципи (има 10-инчен дисплеј и волан со два краци), максимизирајќи го просторот и удобноста за патниците.

Опремен е со основни паметни функции кои според фабриката обезбедуваат удобно патување. Што се однесува до багажникот, неговиот волумен е 285 литри кога задните седишта се склопени.

Во однос на погонскиот склоп мини автомобилот VF 3 има електричен мотор со 44 КС и 110 Nm максимален вртежен момент, поврзан со батерија со капацитет од 18,6 kWh, која нуди опсег до 210 km со едно полнење на истата. Ова, во потполност одговара на секојдневните навики и потреби на повеќето виетнамски возачи.

Во однос на перформансите ќе наведеме дека забрзувањето од 0 до 50 km/h ќе биде за 5,3 секунди.

Батеријата може да се наполни од 10% до 70% за 36 минути.

На крајот и за цената на VF 3, што на пазарот во во Виетнам започнува од (конвертирано) 12.650 американски долари.





НАЈНОВИ