Што се случува кога моторот ќе се прегрее?

Еден поглед во внатрешноста на моторот на ова Audi S5 открива колку катастрофално може да биде прегревањето…

Сите знаеме дека антифризот и моторното масло не смеат да се мешаат. Течноста за ладење ефикасно ги негира ефектите од подмачкувањето, што пак ја неутрализира способноста на моторот да продолжи да работи.Тоа е токму она што се случи со предметниот 3.0-литарски турбо V6, кој беше прилично нов кога беше изваден од Audi S5 од 2022 година.

Меѓутоа сега тоа претставува механички склоп исполнет со коктел од механичко масло и антифриз, што потсетува на „чоколаден милк – шејк“!

Она што изненадува е дека штетата во овој речиси нов мотор е релативно минимална. Точната километражата е непозната, но како што може да се види во видеото I Do Cars, компонентите лесно се расклопуваат (одделуваат).

Покрај тоа, знаците на абење се минимални. Се чини дека лежиштата, поврзувачките шипки, па дури и ѕидовите на цилиндарот се во релативно добра состојба.

Со оглед на тоа што моторот работи со компромитирано масло, ова е изненадувачки.

Па зошто овој мотор беше ставен во расход како неупотреблив?

Според видеото, водот на течноста за ладење откажала во одреден момент, што предизвикало прегревање на моторот, доволно за да се искриви алуминиумската глава. Ова предизвика антифризот да се измеша со моторното маслото. Можно е и горниот дел од блокот да е проблематичен. Генерално, штетата не може да се поправи, па во овој случај е извршена целосна замена на моторот.

Според видеото, замената не е покриена со гаранција. Домаќинот вели дека Аudi ја отфрлил таа можност бидејќи моторот се прегреал, што довело до сметка за поправка од 30.000 американски долари што требало да ја плати сопственикот.

Поуката од оваа информација („сторија“) е – ако случајно имате мотор кој се прегреал, најдобро е да застанете и да почекате да се олади и, ако е можно, да го одвлечете вашиот миленик на четири тркала со возила од влечната служба. Покрај тоа важно е да запомните дека во никој случај не смеете да дозволите да дојде до прегревање на моторот, бидејќи на овој начин можете да спречите „финансиски нокаут“.





НАЈНОВИ