Во 2027 година ќе пристигне основниот Audi EV

Audi ја интензивира работата на ново почетно ниво на EV возило што ќе служи како електричен еквивалент на A3 и Q3…

Компактниот модел се планира да пристигне во 2027 година, а шефот Гернот Долнер (Gernot Dollner) вели дека ќе биде производ на околу три години забрзан развој.

Долнер одби да даде детали за новиот EV, освен дека тоа е „дополнителен електричен модел под Q4 E-tron“, но рече дека „тоа ќе биде прекрасен, уникатен концепт на независно возило, изградено во Инголштад, и тоа е ќе биде нешто на кое сите можеме да се радуваме“.

Со оглед на популарноста на теренците, почетното EV би можело да има форма на crossover модел наместо конвенционален хечбек, кој би послужил како брат или сестра на моделот Q3.

Долнер наведува дека „не е донесена конечната одлука за тоа која платформа ќе ја користиме“.

Долнер, исто така, ја отфрли можноста новото EV да го наследи А1, велејќи:

„Ова не е автомобил од четири метри. Не сум толку догматичен. Нема да имаме наследник на A1 или Q2, нема да има директен наследник. Но, тоа дефинитивно ќе биде нашиот почетен електричен автомобил“.

Audi неодамна ја промени својата стратегија за именување така што парните броеви се користат за електричните автомобили, а непарните за тие со мотори на внатрешно согорување.

Ова исто така сугерира дека идниот почетен EV најверојатно ќе се вика A2 E-tron или Q2 E-tron, дури и ако нема никаква врска со претходните модели со тие имиња.

 





НАЈНОВИ