Теsla ги зголемува цените во Кина од 1 април

Не станува збор за прво – априлска шега туку за вистинска најав на поскапување…

Теslа ќе ги зголеми цените на кинеските автомобили Model Y за 5.000 јуани (695 долари) почнувајќи од 1 април.

Tesla претходно најави зголемување на цената на Model Y во Америка и некои европски земји.

Tesla има фабрика во Шангај која ги произведува Model 3 и Model Y.

По последното намалување на цената на 12 јануари, Model 3 сега чини 245.900 јуани во Кина, а Model Y чини 258.900 јуани, пренесува специјализираниот портал CnEVpost.

Американскиот производител на електрични автомобили на 1 март објави дека кинеските клиенти можат да уживаат попуст до 34.600 јуани доколку ги купат Model 3 и Model Y на Tesla до крајот на март.

Ова вклучува субвенција за осигурување од 8.000 јуани и попусти за боја за автомобили, како и пониска стапка на заем.

На 12 јануари Tesla ги намали цените на двете верзии на Model 3 во Кина за околу шест отсто, поради жестоката ценовна конкуренција.

Во исто време, цените на две од трите верзии на Model Y се намалени за три проценти.

Конкурентната кинеска компанија BYD годинава ги намали цените на своите модели, како и кинеските производители Nio, Xpeng, Li Auto, Polestar, Neta и IM Motors, кои се обидуваат да ги привлечат клиентите нудејќи им различни поволности.

 





НАЈНОВИ