Volkswagen Golf се произведува веќе 50 години

Volkswagen прослави половина век од производството на својата икона, моделот Golf во погоните во Волфсбург.

Сериското производство на моделот од првата генерација започна таму во пролетта 1974 година.

Никола Бененати (Nicola Benenati) е дел од оваа приказна веќе 45 години, а во исто време работеше во производството на сите осум генерации.

Како што потсетуваат од Волфсбутг, а пренесуваат информативните агенции, на свечениот настан гости во хала 12 на главната фабрика биле вработени, одборот на директори на брендот предводен од извршниот директор Томас ШеферThomas Schäfer), претставници на одборот на директори на Групацијата и советот на работниците, како и претставници на локални политичари.

Фокусот на церемонијата, која беше придружувана од Volkswagen Big Band, беше на вработените во фабриката. Меѓу нив е и Никола Бененати, кој 45 години работи во производството на Golf и кој работеше на склопување на сите осум генерации модели.

Исто така, уште еден од најстарите вработени е Роланд Волтер (Roland Walter), кој беше сведок на почетоците на производството на Golf II пред 40 години во тогаш новоизградената сала 54.

Валтер разговараше со Викторија Шоке (Viktoria Schoke) како производството драстично се променило во изминатите пет децении.

За тоа време, повеќе од половина од 37 милиони продадени VW Golf единици  ширум светот беа произведени во седиштето на марката во Волфсбург, односно повеќе од 20 милиони примероци од компактот на Volkswagenн.

По повод 50-годишниот јубилеј, вработените подарија и многу посебен јубилеен VW Golf.

Познато е дека фабриката во Волфсбург е седиште на производство на патничките автомобили Volkswagen и е најголемата фабрика за автомобили со околу 70.000 вработени.

До денес, во погоните на фабриката во Волфсбург се произведени повеќе од 48 милиони возила, повеќе од која било друга фабрика за автомобили на нашата планета.

Со повеќе од 20 милиони возила, Golf е моделот што се произведува таму најдолго време.

На второ место, со речиси 12 милиони продадени примероци е моделот Volkswagen Beetle ( популарната „Буба“), кој се произведуваше во Волфсбург од 1945, па се до 1975 година.

Во моментов, покрај VW Golf и VW Golf Varant, во Волфсбург се произведуваат и моделите Volkswagen Touran (простран компактен моноволумен) и  Volkswagen Tiguan (популарен SUV модел).

Новиот модел Volkswagen Tayron ќе биде додаден во производствениот процес, а од производствените ленти, ако се се одвива според планираното, би требало да почне да се симнува кон крајот на тековната 2024 година.

Извор: Volkswagen –newsroom.com





НАЈНОВИ