Voyah Zhiyin

Марката Voyah припаѓа на концернот Dongfeng и произведува исклучиво електрифицирани автомобили…

Новиот crossover модел Zhiyin ќе биде четвртиот модел во нивната гама, со најава дека ќе се појави во продажба кон крајот на оваа 2024 година.

Zhiyin („сродна душа“ на кинески јазик) е автомобил со пет седишта кој ќе се нуди и во хибридна и во целосно електрична верзија, а ќе биде достапен со 2WD и 4WD.

Voyah Zhiyin е долг 4725 mm, широк 1900 mm, висок 1636 mm и располага со растојание помеѓу оските од 2900 mm.

Тркалата се со големина од 20 инчи.

Внатрешноста ќе има посебни дисплеи за инструмент таблата и мултимедијалниот систем, но официјалните слики допрва треба да бидат објавени.

Засега е потврдено дека целосно електричниот Zhiyin ќе биде достапен во две верзии, со еден електромотор од 292 КС, како и варијанта со два електрична мотора (вториот соодветно на тоа и со погон на сите четири тркала).

Сè уште нема информации за батериите, како и за опсегот со едно полнење на истата.





НАЈНОВИ